Збогум со пораз – Велејмасторот Чави се прости од фудбалската кариера

Чави Ернандес го одигра мечот за збогување од фудбалот, а крајот е со пораз од Персеполис во Техеран, во дресот на Ал-Сад.

Домаќините победија со 2:0 во меч што значи збогување со големиот мајстор на фудбалската игра, но и добредојде за Чави како тренер на Ал-Сад.

Таков е договорот со раководството на клубот од Катар, за кого Чави одигра 83 натпревари и постигна 21 гол.

Во кариерата еден од најдобрите техничари во фудбалската игра настапуваше само за два клуба, Барселона и сега за Ал-Сад.

Чави освои безброј трофеи и ја има една од најбогатите колекции со пехари, но и индивидуални признанија. Дури четири пати беше европски првак со Барселона, има 8 титули првак на Шпанија и три пехари од Копа дел Реј.

Со репрезентацијата на Шпанија еднаш беше светски првак, а двапати се искачи на европскиот трон. Во 2010 година беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, а еднаш беше најдобар и во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести