Норвежанецот Ерлинг Халанд е тема број 1 во фудбалска Англија, неговиот невиден голгетерски ритам ги поместува границите, а дојде време и за потсетување на неговото интервју дадено на 10-ти јули, кога стигна на Островот по потписот за Граѓаните.
На прашањето против која екипа со нетпрение чека да се сретне во Премиер лигата, Халанд како од топ кажа: „Манчестер јунајтед“.
Халанд денеска првпат заигра против Јунајтед и беше екстра мотивиран. Постигна три гола, а имаше и две асистенции. Потврди дека навистина одвај чекал дуел со Црвените ѓаволи за да испише историја, а го обвинуваа дека е препотентен.