Збунетиот Анте Томиќ заборави дека веќе не е во Барса, му додаде на погрешен играч (Видео)

Искусниот хрватски центар Анте Томиќ неодамна од Барселона направи трансфер во Хувентуд, но играњето осум години за Барса остави длабока трага кај него.

На пријателскиот меч помеѓу двете каталонски екипи, Томиќ првпат се појави во дресот на Хувентуд, но како да не беше свесен дека веќе не е член на Барса, па во еден момент на почетокот на средбата сосема опуштено му ја додаде топката на Леандро Болмаро. Проблемот е што Болмаро веќе не е соиграч на Томиќ, па Хрватот му помогна на противничкиот тим да тргне во контранапад.

Барселона го доби мечот со 75-68, а македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ, кој игра за Хувентуд, за 18 минути игра имаше 8 поени и 4 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести