Збунувачки: Играчот на Оклахома на сред акција се врати и положи во сопствениот кош (Видео)

Во неизвесен меч, Оклахома ја победи Индијана на гостински терен со 120:114, а една неверојатна ситуација се случи на почетокот на втората четвртина. Аја Мичел ја имаше топката кога тргна во напад, а само што ја помина половината на игралиштето, изненадувачки се сврте и тргна кон сопствениот кош.

Многумина остана збунети, но логички гледано Мичел беше во право.

Судиите веднаш ја прекинаа играта и објаснија што се случи. Арбитрите едноставно направија грешка, затоа што ја згрешија страната од која треба да започне последната четвртина. Мичел сфати дека всушност треба да нападне на другата страна и затоа постигна кош.

Мечот беше прекинат, а судиите решија од ново да ја започнат последната четвртина, но овојпат ги наместија екипите на вистинските страни од теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести