Здравко Мамиќ ја имаше најоригиналната порака по победата на Динамо против Челзи

Поранешниот прв човек на Динамо Загреб, легендарниот Здравко Мамиќ, не можеше, а да не го искоментира големиот успех на хрватскиот гигант и победата над Челзи. Мамиќ, кој е во бегство и не смее да се врати во Хрватска, од Босна и Херцеговина го проследи новиот успех на Модрите и даде оригинален коментар.

Мамиќ на социјалните мрежи потсети дека Динамо во минатото го победи и Арсенал со 2:1, потоа дека славеше со 3:0 против Тотенхем, а на гости со 1:0 го победи и Вест Хем. Челзи е четвртиот лондонски тим што губи од Динамо, а Мамиќ кратко прокоментира „Среќа што Динамо не игра во Премиер лигата!“

Мамиќ во Хрватска е осуден на шест и пол години затвор поради проневера на парите од клубот, но тој смета дека е невин, па избега од Хрватска и сега живее во соседната БиХ.

- Оглас -

Најнови вести