Здравко Мамиќ историската бламажа на Динамо во Приштина ја „честита“ со еден голем ексју хит

Поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здраво Мамиќ, не остана рамнодушен на синоќешниот пораз на гостувањето во Приштина од Балкани, во меч од Конференциската лига на УЕФА. Мамиќ со години успешно го водеше клубот, но потоа беше обвинет за нелегално работење и заврши на суд, каде што доби и затворска казна, која не ја одлежува затоа што е пребеган во Босна и Херцеговина.

Со Мамиќ на чело, Динамо беше речиси редовен учесник во Лигата на шампионите, а сезонава тимот не само што беше елиминиран во квалификациите од ЛШ, туку не успеа да се пласира и во групната фаза од Лигата на Европа, па заврши во Конференциската лига.

Балкани е тим кој според рејтингот, далеку e зад Динамо, но синоќа косовскиот првак одигра одличен меч и победи со 2:0, а Мамиќ овој неуспех на хрватскиот шампион го „поздрави“ со големиот хит на групата Црвена Јабука.

Тренерот на Динамо, Сергеј Јакировиќ, се извини за бламажата и поразот од 2:0, а челните луѓе на Модрите odlu;ija дека имаат доверба во стратегот и тој останува на чело на екипата.

- Оглас -

Најнови вести