Здравко М. од Неготино е нов лидер на табелата во акцијата „НАВИВАМЕ ЗАЕДНО“, која со помош на Sport Life може да ве однесе на трибините на Европското првенство во ракомет за мажи кое се игра во јануари. Најдобрите тројца обложувачи ќе ја добијат главната награда.
Навиваме заедно може да ве однесе на трибините на Европското ракометно првенство во Виена и да навивате за репрезентацијата на Македонија. Играта почна на 29 ноември и ќе трае до 26 декември, што значи дека сега сме на половината од трката. Здравко тешко ќе биде симнат од првите три позиции, но до последен момент нема ништо да се знае и можни се пресврти.
Правилата за учество се едноставни. Тикетот треба да биде уплатен со Sport Life картичка, а тројцата кои ќе ги имаат најголемите погодени коефициенти ќе добијат три пакет-аранжмани за две лица за ЕП. Во пакетот влегуваат автобуски превоз, сместување во хотел со 3 * со појадок (4 ноќевања), обезбедени влезници за трите натпревари од групната фаза на Македонија.
Моментно на првите три позиции се: Здравко М. кој вчера на мечевите од ЛШ погоди фати квота од 8.177, Сашо Б со погоден коефициент од 4609,78, и Кире С. со погоден коефициент 3686,72.
Акцијата важи за тикети со една комбинација, тикети во живо и микс тикети уплатени со приложена Sport Life клуб-картичка во периодот 29 ноември – 26 декември 2019 год. Во игра влегуваат тикетите кои ќе бидат обработени заклучно со 27 декември.
Доколку некој од натпреварувачите реши да се откаже од премијата, таа се префрла на следниот во рангирањето.
За учество ви треба и SL картичка, која би ви дала пристап за учество и на останатите игри организирани од Sport Life, а тоа се Типстер купот, на кој главната премија е СТАН ВО СКОПЈЕ, потоа Втора шанса за МИЛИОН, како и учество на Спортска прогноза, каде што може да освоите мобилен телефон iPhone XS.