Македонската ракометна репрезентација синоќа донесе нова радост, победа против Украина на стартот од Европското првенство во Виена. Можноста во живо да го проследат мечот и драмата со среќен крај во последните секунди, ја имаа и шестмина навивачи, кои во Виена се најдоа благодарение на Sport Life обложувалници.
Здравко, Сашо и Кире беа тројцата обложувачи кои имаа најголем погоден коефициент во играта „Навиваме заедно“, а со тоа добија можност да патуваат во Виена, но и со себе да поведат уште еден навивач. Тројцата експерти за обложување ги најдовме во салата „Штадхале“ во Виена. Сите беа добро расположени и подготвени да навиваат за Македонија.
За сите шестмина ова е прво големо ракометно натпреварување, а на крајот имаа задоволство да се радуваат на триумф против Украина.
„Секоја чест на Sport Life што организира вакви игри и овозможува пат на големи натпреварувања каде што игра Македонија. Знаеме дека и порано имало вакви патувања, но сега прв пат ни се насмевнува среќата“, заеднички коментираат Здравко, Сашо и Кире, кои редовно се обложуваат во Sport Life обложувалници.
Интересно е што на сите тројца ова им се најголемите погодени коефициенти и како што велат во вистинско време им се насмевнала среќата, бидејќи тие тикети биле дел од играта „Навиваме заедно“. На крајот од мечот, Здравко, Сашо и Кире со своите пријатели се радуваа на триумф на Македонија против Украина, а веруваат дека така ќе биде и на дуелите против Чешка и Австрија.