Фудбалските надежи на Македонија одиграа 1:1 против Израел, во меч кој беше значаен за пласман на Европското првенство. И покрај тоа што не ги освоивме посакуваните три бода, фудбалерите се оптимисти за последните два меча во групата.
„Не би рекол дека се спасивме. Во второто полувреме бевме подобар тим. Селекторот направи добра анализа на противникот. Во првиот дел не влеговме со чисти глави како да не сме свесни со каков квалитет располагаме. За пласманот на ЕП ќе зависиме од резултатите на другите екипи. Наше е на следните два меча да освоиме шест бода, а другото го оставаме на Господ, што ќе се случи“, изјави веднаш по средбата Давор Здравковски.
Стрелецот на голот, Јани Атанасов, вели дека проблем било тоа што имало осцилации во играта на Македонија.
„Се спасивме во 90-тата минута, јас дадов гол, но најмалку важно е кој дал гол. Селекторот ни зададе задачи, а ние еден дел од мечот игравме добро, но одреден период имавме грешки кои не треба да ги правиме. Во Израел одиме да извлечеме најмногу бодови што можеме и се надевам дека сè ќе биде во ред“, вели стрелецот на голот вреден еден бод, Атанасов.
ФОТО: ФФМ- Петр Стојановски