Зе Роберто го откри следниот клуб на Чаби Алонсо: „За него тоа е судбина“

Баер Леверкузен е најголемото изненадување оваа сезона во фудбалска Европа. Фармацевтите стигнаа до првата титула во 120-годишната историја на клубот, а најзаслужен за тоа е шпанскиот тренер Чаби Алонсо. Успехот што го направи значеше и понуди од Баерн Минхен и Ливерпул, но Шпанецот ги одби и следната сезона ќе остане во Леверкузен, а поранешниот репрезентативец на Бразил, Зе Роберто, кој во минатото настапуваше токму за Баер, знае кој ќе биде неговиот следен клуб.

„Судбина му е да го тренира Реал Мадрид. Начинот на којшто размислува за фудбалот и начинот на којшто неговата екипа игра го прави да биде посакуван за секој претседател. Чаби е млад и има модерна филозофија. Тој е тренер на иднината“, вели Бразилецот.

- Оглас -

Најнови вести