1952 Умранијеспор – Аланијаспор (Суперлига, Турција, 18 часот)
Умранијеспор лошо ја почна историската сезона и е единствениот прволигаш во Турција што нема победа по 11 кола.
Во деби-настапот во елитното друштво имаат само 3 бода и дури 8 порази на 11 меча, па им се заканува експресно враќање во Втората лига.
Аланијаспор е стабилен прволигаш, а и новата сезона ја почна сосема коректно и има по 4 победи, нерешени и порази и со 16 бода се во горниот дел од табелата.
Денеска имаат супер шанса да го победат слабиот тим на Умранијеспор и да додадат уште три бода како залиха за комотно продолжение на првенството.
Предлог тип: 2 (2.30)
1241 Абердин – Хибернијан (Премиер лига, Шкотска, 20.30 часот)
Лошиот здравствен билтен кај гостите е шанса за Абердин и Бојан Миовски да се пробијат на третото место во Шкотска и да го прескокнат токму денешниот ривал.
Хибернијан има големи маки со повреди на играчите и се најавува дека седуммина од нив нема да играат на „Питодри“ во Абердин.
Миовски ќе биде главен адут во нападот на Донс, а засега му оди одлично во деби сезоната за четирикратниот шкотски првак.
Бојан е втор стрелец во шампионатот со 8 гола и вечерва има шанса со некој погодок да му се приближи на Чолак од Глазгов ренџерс, кој е топ-голгетер засега со 11 гола.
Гол може да даде и Хибернијан бидејќи Абердин прима многу погодоци, досега 20 и најмногу од Топ-5 екипите.
Предлог тип: ГГ (1.67)
1801 Борусија Менхенгладбах – Штутгарт (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)
Петкратните германски шампиони ќе го играат премиерниот меч од 13-тото коло во Бундеслигата.
Ги нарекоа заспаните гиганти бидејќи немаат титула од 2007 година, кога Штутгарт беше шампион.
Борусија остана на петте шампионски круни, а последната им е од пред 45 години и според тоа каква им е позицијата на табелата, и тие и Штутгарт ќе почекаат барем уште една сезона за титула.
Двете екипи играат ултраефикасни меѓусебни мечеви, ривалитетот е одличен и ќе типуваме дека и денеска на Борусија пак ќе има најмалку 3 гола.
Предлог тип: 3+ (1.60)
1609 Удинезе – Лече (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Удинезе падна во формата, а Лече никако да ја подобри, па ова ќе биде дуел за рехабилитација на две екипи што долго немаат победа.
Тимот чиј член е Илија Несторовски беше хит на почетокот на првенството, дури Удинезе беше и лидер на табелата во Серија А, но со низа од четири меча без триумф падна на осматта позиција со 22 бода.
За Зебрите и тоа не е лош ефект по 12 кола, а ако победат денеска, привремено ќе се вратат во Топ-5.
Лече е во низа од пет меча без победа и за нив следи тешка битка за опстанок во Калчото.
Фудбалскиот Удинезе е посилен тим и типуваме дека ќе го искористи квалитетот и ќе победи.
Предлог тип: 1 (1.68) Супер тип на Sport Life
1301 Жирона – Атлетик Билбао (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Жирона освои огромен бод во Мадрид против Реал, што ќе им биде мотив за да се обидат да ја сопрат серијата од 7 меча без победа.
Сепак, тоа нема да биде ни малку лесно бидејќи гостин им е Атлетик Билбао, екипа што е кандидат за позициите кои водат во Лигата на шампионите.
И фудбалерите на Атлетик не се во топ-форма и имаат само една победа на последните пет меча, што ги врати назад на табелата, моментно на шестото место.
Жирона е блиску до опасната зона и секој меч им е императив, но Атлетик е поквалитетен и ќе типуваме дека ќе си замине од Каталонија со три бода.
Предлог тип: 2 (2.10)