Зебрите на Нестор подобри од Пандев и Џенова

Македонскиот дуел меѓу Горан Пандев и Илија Несторовски припадна на членот на Зебрите, иако Пандев беше стрелец за Џенова во поразот од 1-3 против Удинезе. Улогата на капитен покрај репрезентацијата, Гранде Пандев ја имаше таа задача и денес, па како вистински лидер донесе предност за Џенова во 22-та минута по одличната акција на домаќините.

Иако ги одигра сите 90 минути, Пандев претрпи пораз, додека Несторовски имаше две убави прилики во првото полувреме да се запише во листата стрелци, но неговите удари беа скротени голманот Раду, а теренот го напушти во 72-та минута. Удинезе израмни преку Де Паул само 10 минути по голот на Пандев, Сема со голот за 2-1 во 87-та минута го најави пресвртот, а конечните 3-1 ги постави Ласања во судиското надополнување, фудбалерот кој го презеде местото на Несторовски.

Во останатите два меча кои се играа од 15 часот, Лече и Сасуоло ремизираа при конечни 2-2, додека Верона е на прагот да ја совлада Бреша со 2-1 во мечот кој имаше мал прекин поради недолично однесување на домашните навивачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести