Артон Зекај, играчот од средниот ред на Лил, ги распали страстите во соседството со изјавата дека сака да продолжи да игра за Србија, но ако го игнорираат селекторите, ќе го прифати повикот на Косово и ќе настапува за нивната сениорска селекција.
Зекај има 18 години, роден е во Белград и ги мина сите младински селекции на Србија до 19 години, дури беше и капитен на кадетите. Сега на неколку мечеви не беше повикан да игра за популарните „орли“, па се закани дека ако тој тренд продолжи, ќе настапува за селекцијата А на Косово.
Но,таа негова изјава предизвика бура од реакции во двете земји, кои имаат политички проблем. Веднаш му одговорија симпатизерите на Косово на социјалните мрежи со закани дека нема потреба да доаѓа и дека е непожелен во нивната репрезентација.
„Не го сакаме дури и да не изјавил такво нешто. Играше за нивните младински селекции. Секој кој ја претставувал Србија, не може потоа да игра за Косово. Тој е срам за нас“, пишува „Косовски фудбал“ на „Твитер“.
Косово во март 2020 година ќе игра полуфинален меч со Македонија во Скопје, во Сегментот Д од Лигата на нациите, а ќе видиме дали играчот за врска на француски Лил ќе биде во составот на гостите.