Земјата од каде што доаѓаат најбрзите луѓе на светот може да стане и кошаркарска велесила

Кошаркарска репрезентација на Јамајка наскоро би можела да стане исклучително конкурентна на светската кошаркарска мапа бидејќи планира да покани дури десетмина НБА-играчи во својата репрезентација.

Кошаркари како Норман Пауел, Аусар и Амен Томпсон веќе се дел од проект што би можел значително да го подигне квалитетот на оваа карипска национална селекција. Сепак, сè повеќе се зборува за нови имиња што би можеле да им се придружат.

Играчи како Скоти Барнс, Исаија Стјуарт и Девин Васел исто така се во игра. Доколку се оствари ова сценарио, Јамајка одеднаш би имала тим полн со високи и атлетски играчи кои се стрелци, но можат да играат и врвна одбрана.

Најголемото внимание е насочено кон Џален Брансон, чии баба и дедо по мајка се родени во Јамајка, што остава можност еден ден да игра за оваа репрезентација. Иако постојат одредени административни и логистички пречки што треба да се решат, таквото сценарио не е невозможно, особено затоа што Јамајка сè повеќе се признава како кошаркарска нација во развој.

Потенцијалните играчи на Јамајка оваа сезона играат одлично во НБА-лигата и имаат просек од:

Џејлен Брансон (Њујорк никс) – 26,3 поени, 3,5 скока, 6,6 асистенции

Норман Пауел (Мајами хит) – 22,5 поени, 3,6 скока, 2,6 асистенции

Скоти Барнс (Торонто репторс) – 18,7 поени, 7,8 скока, 5,3 асистенции

Амен Томпсон (Хјустон рокитс) – 17,8 поени, 7,7 скока, 5,3 асистенции

Ендру Вигинс (Мајами хит) – 15,9 поени, 5,1 скока, 2,8 асистенции

Девин Васел (Сан Антонио спарс) 14,2 поени, 3,9 скока, 2,4 асистенции

Аусар Томпсон (Детроит пистонс) – 10,2 поени, 5,9 скока, 2,9 асистенции

Исаија Стјуарт (Детроит пистонс) – 10 поени, 5,1 скока, 1,2 асистенции

Џош Минот (Бруклин нетс) – 6,2 поени, 3,2 скока, 0,9 асистенции

Ник Ричардс (Чикаго булс) – 5,5 поени, 4,9 скока, 0,3 асистенции

 

- Оглас -

Најнови вести