Олимпик Марсеј синоќа убедливо со 3:0 загуби на гостувањето кај Оксер, резултат кој е изненадувачки ако се знае дека домаќините се во долниот дел од табелата а Олимпик е веднаш зад лидерот Пари Сен Жермен. По мечот, претседателот на гигантот од Марсеј, Пабло Лонгорија целосно ги загуби нервите, па во тунелот го нападна и судијата Џереми Стинат.
Лонгорија викаше дека „француската лига е посра*о првенство“ и негодуваше на судењето.
„Во својата 20-годишна кариера никогаш досега немам видено вакво нешто. Тука се е организирано. Ова е апсолутна корупција“, реагираше Лонгорија.
Претседателот на Олимпик Марсеј рече и дека размислува клубот да го напушти првенството и дека без размислување би прифатил да игра во Суперлигата, доколку добие покана.
„Ова е посра*о првенство. Ако Марсеј го повикаат од Суперлигата, веднаш ќе прифатиме да дојдеме“, рече Лонгорија, кој додаде дека сега е невозможна мисија Олимпик да го стигне ПСЖ во трката за титулата.
Веќе неколку годии постои идеја за создавање на Суперлига, а главни иницијатори беа Реал Мадрид и Барселона, но УЕФА го одби првиот сериозен напад. Популарната Суперлига би била ов три различни дивизии, а вкупно би имала 96 клубови.
Во прва дивизија би имало двелиги и тоа Златна и Ѕвездена. Двете лиги би имале по 16 клубови, поделени во две групи. Четирите најдобри од сите групи би обезбедиле место во нокаут фаза и ќе разигруваат за првак.
Новитет би било тоа завршницата да се игра како фајнл фор, односно полуфиналињата и финалето би се играле по еден меч на нетрален терен.
Би постоеле и Сина лига и Заедничка лига кои би броеле по 32 клубови. Во овие лиги би имало по четири групи со по осум клубови. Мечевите би се играле по класичен систем „дома-гости“, што значи дека секој клуб би имал загарантирани 14 натпревари.
Планот би бил првенствените дуели да се играат од септември до април. Ова е идејата за Суперлигата, а Олимпик Марсеј од синоќа е првиот клуб кој и официјално се понуди да биде дел од овој проект.