Земјотрес во најава: Роналдо се враќа во Европа и ќе игра во Лигата на шампионите?

Кристијано Роналдо од следната сезона повторно би можел да игра во Европа и тоа во татковината, тврди саудискиот инсајдер Алхаза Мутаб.

„Итна вест: Еден португалски клуб сака да потпише со Роналдо, ако играчот пројави желба да ја напушти Саудиска Арабија“, објави Мутаб.

https://twitter.com/Battlefiles/status/1778747260601245937

 

Роналдо втора сезона настапува во саудиската Про лига за Ал-Наср од кого добива неверојатни 200 милиони долари годишна плата.

Португалските медиуми немаат дилеми за кој тим станува збор, тоа е Спортинг Лисабон, клубот во кој Роналдо ја започна професионалната кариера.

Спортинг Лисабон се наоѓа на добар пат да ја освои јубилејната 20-та шампионска титула во португалскиот шампионат бидејќи на шест кола до крајот на сезоната има шест бода повеќе од второпласираната Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести