Зенит е првата гостинска екипа што победи во првото коло од четвртфиналните серии во Евролигата, а рускиот клуб приреди сензација со победа против Барселона со 76:74.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1384948249824567298?s=20
Барселона успеа во премиерниот меч од серијата против Зенит да анулира 14 поени негатива, 34:48 по првото полувреме и поведе со 72:71 на малку повеќе од една минута до крајот, но не победи.
Вил Томас погоди тројка за гостите, а Пангос потоа беше човек за победа на Зенит со последните поени на мечот.
На вториот дуел од серијата повторно ќе биде домаќин Барселона. Во останатите серии од четвртфиналето во Евролигата ЦСКА против Фенербахче, Милано со Баерн и Ефес против Реал Мадрид водат со 1:0.