36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Зенит го претстави Ненад Димитријевиќ како ново засилување

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ официјално е промовиран како нов член на рускиот кошаркарски гигант Зенит.

Тој потпиша договор на две години доаѓајќи од Олимпија Милано, каде што минатата сезона имаше тешка ситуација поради нарушените односи со тренерот Еторе Месина, поради што не настапуваше во последните два месеца. Разделбата беше очекувана.

Со трансферот во Зенит, Нено Димитријевиќ се враќа во ВТБ-лигата, каде што претходно две години играше за Уникс Казањ. Таму се истакна со одлични партии, носејќи го тимот до титула во регионалното првенство и освојувајќи ги наградите за најкорисен играч (МВП) на плејофот и на регуларниот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести