Зенит во 94 минута го шокираше Челзи и го одведе Јувентус на првото место

Челзи прими шокантен гол во 94 минута на гости кај Зенит во меч кој заврши 3:3. Ремито во Санкт Петербург донесе радост во Торино, затоа што Јувентус со победата од 1:0 против Малме стигна до првото место во групата и ќе биде меѓу носителите во нокаут фазата.

Неверојатен беше дуелот во Русија. Челзи поведе со голот на Тимо Вернер по само 83 секунди игра, а Зенит до полувремето направи пресврт и со два погодоци стигна до водство од 2:1. Во второто полувреме следуваше нов пресврт, но овојпат Челзи даде два погодоци.

Најпрво Лукаку изрмани на 2:2 во 62 минута, а потоа Вернер со голот во 85 минута донесе водство за гостите. Кога се чинеше дека Челзи ќе се радува, Зенит даде уште еден гол за 3:3, кој ги шокираше гостите, а донесе голема радост за Јувентус, кој благодарение на погодокот на Кејн го победи Малме и ги освои трите планирани бода.

На крајот, во оваа група, Јувентс е прв со 15 бодови, Челзи заврши со 13 бодови, а Зенит е трет со 5 бодови. Малме е последен со само еден освоен бод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести