16.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Згасна еден од најстарите фудбалски клубови во Србија

Фудбалскиот клуб ОФК Синѓелиќ од Ниш пред три месеци прослави 100-годишнина од своето постоење, а вчера клубот одлучи да се повлече од Српската лига – исток, и престана да работи.

Буџетот на клубот на годишно ниво е 4 милиони динари (околу 34.000 евра), а кога се појави финансиска обврска кон поранешниот играч Александар Комадина, на кој мора да му се платат 30 илјади евра, тоа беше преголем удар кој Синѓелиќ не можеше да го издржи, па беше ставен клуч на врата и играчите слободно може да си бараат нова средина.

Еден од членовите на Собранието на клубот, изјави дека се планира напролет да се направи основачко собрание и да се формира нов клуб кој ги почнал од нула. Против поранешниот претседател на клубот, Драган Ѓорѓевиќ, ќе се поднесе кривична пријава. Светла точка е што ќе продолжи да работи младинската школа на овој поранешен српски второлигаш и двократен учесник во четвртфиналето на Купот.

 

- Оглас -

Најнови вести