Згасна љубовта меѓу навивачите на Јунајтед и Лингард (видео)

Џеси Лингард ги одигра сите 90 минути во победата на Манчестер јунајтед против Дерби во ФА купот, но Англичанецот не ги искористи минутите да го прекине постот кој трае повеќе од една година. Како што е познато, во 2019 година Лингард не забележа ниту гол, ниту асистенција за Црвените ѓаволи, а сушата продолжува и оваа година.

Неговата пасивност го доведе до позиција да биде „персонан нон грата“ меѓу фановите на Јунајтед, а по мечот со Дерби неколку навивачи ги чекаа фудблаерите пред тимскиот автобус, а кога се појави Лингард почнаа да го навредуваат.

„Џеси е*и се, ти си ср*ње“ се повторуваше неколкупати, „Нула голови и нула асистенции во 2019-та, какво ср*ње е тоа“, се слушаа навредите. Очигледно, љубовта меѓу Џеси и навивачите згасна.

- Оглас -

Најнови вести