Фудбалска доминација зачинета со неколку мечеви од ракометот и кошарката има на денешното мени во Супер типот на Sport Life. Виетнам е фаворит во дуелот против Индонезија на Азискиот куп, а секако во преден план се клупските пресметки.
Карлсруе треба да слави дома над Оснабрик, а и Кил пред своите навивачи е во улога на фаворит против Брауншвајг. Интер треба да е поблиску до победата од Лацио во полуфиналето до Супер купот на Италија, а една од најголемите сигурици треба да е „кецот“ на Гент против Мехелен.
Од ракометното Европско пренство Норвешка и Данска се фаворити во дуелите со Холандија, односно Шведска. На кошаркарски план, Панатинаикос треба да слави во Атина против Партизан, а Фенербахче на гости кај Жалгирис е со поголеми шанси за триумф.