Комбинација од тениски, хокеј и фудбалски дуели е денешниот Супер тип каде може да најдете зголемени коефициенти на вкупно 16 натпревари. Возбудувањата ќе започнат со дури пет тениски пресметки на кои коефициентите за оние кои се фаворити се движат од 1.55 до 1.80.
На двата хокеј дуели, домаќините ја имаат фаворитската улога, па се очекува победи и на Модо против Дјургарден и на Минхен во дуелот против Инголштад.
Вкупно девет фудбалски средби има на кои може да најдете зголемени квоти, а тука доминираат дуелите од англиските лиги, но сепак најатрактивен е мечот кој се игра во Италија меѓу Наполи и Милан.