Дури четири различни спортови се дел од денешната понуда во Супер типот на Sport Life, и тоа тенис, хокеј, кошарка и фудбал. Од тенисите, фаворитските улоги им се доделени на Зверев, Мусети, Паолини и Кјаер. На хокејите, домашниот терен треба да го искористат екипите на Хернинг и Минхен, а во НБА-лигата Феникс санс да победи на свој терен против Њу Орлеанс пеликанс е со квота од 1.52.
Во понудата има дури девет фудбалски пресметки, а секако дека најатрактивни се оние на коишто играат европските великани, како што се: Реал Мадрид, Ливерпул, ПСЖ, Наполи…


