32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Зголемени коефициенти за победи на Рома, Ајакс, Лион, Валенсија, Славија Прага…

Фудбал и само фудбал има во денешната понуда на Супер типот во Sport Life. Дури 16 мечеви на кои може да најдете зголемени коефициенти на „фиксови“ или на игрите на голови и комбинации.

На дури 11 мечеви домашните екипи се фаворизирани и имаат зголемени коефициенти за „кец“, додека пет средби се со фаворитска улога на гостите. Рома на Жозе Мурињо не смее да киксне на „Олимпико“ против Лече, а холандски Ајакс треба да покаже дека полека ја пребродува кризата и се очекува да се радува во Амстердам против Херенвен. Навивачите на Лион и Волфсбург очекуваат победи на своите омилени екипи на својот стадион.

Од гостите, Штутгарт има предизвик за три бода на теренот на Хајденхејм, а гостински триумфи очекуваат и Твенте кај Утрехт, како и Рапид Виена на теренот на Алтах.

- Оглас -

Најнови вести