Понеделничката понуда во Супер типот на Sport Life е доста примамлива и мора да се искористи. Поголемиот дел од изборот се фудбалски натпревари, а има и меч од НХЛ-лигата за љубителите и познавачите на хокејот.
Потенцијални „сигурици“ со зголемени коефициенти се Баерн Минхен во мечот против Арминија, каде што за 3+ гола квотата е 1.40 во однос на обичниот коефициент од 1.30 за овој тип. Челзи е голем фаворит против Њукасл, па затоа зголемената квота од 1.40 за „кец“ е исто така зицер.
Убава можност за потенцијална поголема добивка нуди евентуалната победа на Атлетик Билбао на гости кај Кадис, а коефициентот за „двојка“ во овој меч е 2.31.