Во фудбалот нема мирување, па логично е што и денешниот Супер тип во Sport Life е со доминација на најважната споредна работа во светот. Дури 14 фудбалски пресметки се на понудата со зголемени коефициенти.
Во германскиот Куп, Аугсбург и Лајпциг треба да победат на свој терен во дуелите против Шалке и Сент Паули, а интересно е тоа што двата „кеца“ се со квота од 1.52.
Дуелите од пониските лиги во Англија, Франција, Италија доминираат во понудата во која има зголемена „двојка“ за Борусија Дортмунд да го победи Волфсбург.
Од кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес ја пречекува Барселона и „кецот“ е со 1.85, а Рубљев е фаворит за победа на тенискиот терен против Керундоло.