Разновиден е денешниот Супертип во Sport Life затоа што нуди мечеви од неколку различни спортови. Возбудувањата ќе започнат од 14 часот, кога се игра дуел од украинското првенство, а на кој домаќините се фаворити за победа.
Потоа следуваат два меча од Светското хокејско првенство, во кое Швајцарија и САД треба да победат во дуелите со Германија и Чешка. Како сигурица треба да биде и тенискиот дуел на кој Руд е фаворит за победа. Тука се и два ракометни меча на коишто има изразити фаворити, како Рајна-Некар Левен и Кристијанштад.
Фудбалската понуда стандардно е најголема, а има повеќе интересни средби. Убава е квотата за победа на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во дербито против Челзи, а Црвена ѕвезда треба да го освои пехарот во Купот на Србија.
Супер типот завршува со најатрактивниот кошаркарски дуел во понудата, а тоа е финалето од Источната конференција меѓу Бостон и Мајами. Бостон е во негатива од 1:3 и дома мора да се радува ако сака да ја задржи неизвесноста.


