Фудбалската доминација во Супер типот ја нарушуваат по еден хокеј и тениски меч и тоа во ноќните термини. Шелтон да слави над Тиен на Индијан велс е со квота од 1.74, додека во НХЛ Далас треба да го искористи домашниот терен против Чикаго и да победи, а зголемената квота за „кец“ е 1.68.
Фудбалските возбудувања ќе започнат уште во претпладневниот термин од 11:30 часот кога Ризеспор на свој терен да ја победи Анталија е со коефицинет од 1.68. Од 14 понудени фудбалски пресметки, на дури 12 фаворитската улога и зголемените квоти се за домашните тимови.
Меѓу сигуриците според понудените коефициенти, треба да бидат победите на Фулам против Саутемптон, Вилјареал против Елче, Болоња во пресметката со Верона, како и Лил против Лориен. Единствено Жил Висенте и Ференцварош како гостински екипи имаат зголемени квоти за победи.


