Фудбалската доминација во денешниот Супер тип во Sport Life ја „нарушуваат“ два кошаркарски дуела. Тоа се мечеви од Еврокупот, на кои, интересно, гостите се фаворити. Францускиот Бург Баскет гостува во Германија на Хамбург, а „двојката“ е зголемена на 1.60. Слична е и ситуацијата на мечот Хувентут Бадалона и Хапоел Тел Авив, каде што за победа на Израелците има коефициент од 1.62.
За разлика од кошарката, на фудбалите се очекува доминација на домашните екипи. Од 14 понудени средби, дури на 13 има зголемени квоти за триумф на домаќините. Речиси сите мечеви кои се во понудата ќе се играат на тлото на европските велесили, Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франција.
Севилја и Валенсија се фаворити против Валјадолид и Осасуна, а домашниот терен во Италија треба да го искористат Лече, Калјари, Аталанта и Торино. Во втората германска лига, Ханса е фаворит против Унтерхахинг, а Оснабрик дома ќе се обиде да слави над Енерџи Котбус.
Единствен гостински фаворит е Лестер, кој игра на теренот на Валсал, додека денешната понуда се затвора со јужноамериканска пресметка меѓу Ривер плејт и Коло Коло.