Мечеви од четири различни спортови се дел од денешниот Супер тип, што значи дека има понуда за сечиј вкус. Возбудувањата ќе започнат со два тениски дуела, каде што квотите за победа на фаворитите се по 1.56 и 1.79.
Од ракометот, тука се дуелите од Лигата на шампионите. Барселона да победи на теренот кај Пик Сегед е со квота од 1.81, додека Фуксе Берлин треба да го искористи домашниот терен и да слави над Алборг.
Дури 10 меча се од фудбалот, а има неколку „сигурици“. Клуж да слави дома против Фарул Констанца е со квота од 1.41, а со коефициенти не поголеми од 1.63 се и понудите за победи на Аз Алкмар, Ѓургарден, Болоња и Атлетико Мадрид.
Во полноќните термини ќе има две хокеј пресметки во НХЛ, а како фаворити се домашните екипи на Тампа Беј и Отава.