Мечеви од три различни спортови се дел од денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата ќе започнат со три тениски пресметки на кои квотите за фаворитите се движат од 1.40 до 1.44, што значи дека се работи за „сигурици“.
Од хокејот има три интересни меча од европските лиги. На сите три средби домаќините Луко, Кошице и Нирнберг се во улога на фаворити.
Фудбалот стандардно доминира во понудата. Иако играат на гости, фаворити со зголемени квоти се екипите на Челзи, Лајпциг и Генк. Домашниот терен треба да биде дополнителен адут за победа на Болоња против Торино, како и за триумф на Сент Патрик против Дрогеда.