Фудбалска доминација има во денешниот Супер тип, зачинета со два кошаркарски и еден ракометен дуел. Возбудувањата ќе започнат со кошаркарското осминафинале на Европското првенство меѓу Турциј и Франција, а зголемени се квотите за победи на двете селекции, а ваше е да го одберете фаворитот. Во понудата го има и дербито меѓу Шпанија и Литванија кое се игра вечерва.
Ракометот нуди дуел од женската Лига на шампиони, каде Будуќност треба да победи на гости кај Кастамону. Сите останати дуели се фудбалски и се со одлични квоти.
Баер Леверкуен ќе брка три бода на гостувањето кај Херта во Берлин, додека Ајнтрахт се надева на триумф на свој терен против Волфсбург.
Милан да слави кај Сампдорија е со квота од 1.65, а Атлетико Мадрид дома треба да се радува против Селта Виго.