Фудбал, кошарка и хокеј се трите спорта кои се застапени во денешната понуда на Супер типот, каде што може да се најдат многу интересни зголемени коефициенти. Возбудувањата ќе започнат уште во пладневниот термин од 13 часо,т кога ќе се играат два интересни мечеви.
Првиот е во Купот на Турција во кој Кочаелиспор е фаворит за победа на свој терен против Езрурумспор, додека вториот е од Африканскиот куп на нациите, во кој за победа на ДР Конго против Бенин му се дава квота од 1.81. На Африканскиот куп се очекува и победа на Нигерија во пресметката со Танзанија.
Од кошарките, има дуели од Евролигата, Еврокупот и НБА-лигата. Фенербахче да слави над Барселона е со квота од 1.68, а Анадолу Ефес да се радува на триумф на гостувањето кај АСВЕЛ е со квота од 1.70. Во НБА-пресметките фаворитската улога им припаѓа на Шарлот и Денвер.
Во хокејот има неколку интересни дуели. Торпедо да го победи Сочи во руското првенство е со квота од 1.54. Во германскиот шампионат Волфсбург да слави против Исерлон носи квота од 1.79, додека Колорадо дома треба да ја победи Јута во НХЛ во САД.


