Фудбалски пресметки и три дуели од кошаркарската Евролига се во денешната понуда на Супер тип во Sport Life, каде што може да се најдат многу зголемени коефициенти.
Возбудувањата ќе започнат уште во пладневниот термин од 13:30 часот, а први на сцена ќе бидат дуелите од Англија и Африканскиот куп на нациите. Ангола да го победи Зимбабве е со квота од 1.92, додека Бирмингам да слави над Дерби е со коефициент од 1.95.
Примамливи коефициенти има и за триумфи на Египет против Јужна Африка, Мидлсбро да слави над Блекбурн, Ковентри да ги освои трите бода во пресметката со Свонси, како и Андерлехт да се радува пред своите навивачи против Шарлроа.
Од кошаркарската Евролига има три интересни пресметки. Партизан ќе има голем предизвик во Белград да го победи Макаби Тел Авив, а Монако ќе се обиде да го искористи домашниот терен за да победи против Реал Мадрид. Од гостинските екипи единствено зголемена квота и како тим со поголеми шанси за триумф се смета Олимпијакос, кој ќе гостува во Италија кај Виртус Болоња.


