Покрај неизбежниот фудбал, во понудата за Супер типот денеска има интересни тениски пресметки, потоа дуели од ракометот и кошарката. Возбудувањата ќе започнат дури со пет тениси, на кои квотите за победи на фаворитите се движат меѓу 1.45 и 1.67. Победи се очекуваат на фаворитите Медведев, Рубљев, Хачанов, Коко Гоф…
Во ракометната Лига на шампионите, ПСЖ и Барселона се фаворити за победи на гостински терени кај Загреб и Сегед, додека од кошаркарската понуда се очекува на свој терен Улм да го победи Олденбург.
Кај фудбалската понуда интересно е дека има седум меча и на сите седум зголемени се квотите за победи на гостите, нешто што многу ретко се случува. Како фаворити се означени: Њукасл, Сент Гален, Вилјареал, Мадервел, Арсенал, Интер и Атлетико Мадрид.


