Целосно фудбалска е денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата ќе започнат од 13 часот со меч од германската втора лига на кој Елверсберг е фаворит за победа над Брауншвајг и „кецот“ е со 1.66 коефициент.
Интересно е дека само на три од понудените 16 средби, гостинските екипи се сметаат како фаворити и имаа зголемени квоти. Таква можност им се дава на Реал Мадрид кој гостува кај Осасуна, потоа на Интер кој ќе игра на теренот на Лече и на Копенхаген кој гостува кај Оденсе.
Јувентус на свој терен го пречекува Комо и за победа на Старата дама квотата е дури 2.23. Манчестер сити ја има фаворитската улога против Њукасл, а зголемени коефициенти има и за триумфи на Бриж, Лајпциг, Астон вила, Славија Прага…


