19.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Згрозувачки инцидент: Дете од 12 години само седна на теренот и почна да плаче

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино е згрозен поради инцидентот кој се случи на меч во бразилскиот Сао Пауло на кој учествуваа деца кои имаат до 12 години.

Мечот се одиграл на 19 октомври кога едно 11-годишно дете од клубот Депортиво  Мантикуера било злоставувано на расна основа за време на средбата. Детето трпело постојани навреди од еден навивач и тоа не само на расна основа туку и навреди кои се однесувале на неговото семејство.

Младиот фудбалер прво бил нарекуван „црнец“, а потоа и „без семејство“ и „син на ку*ва“. Неможејќи да ги истрпи сите навреди момчето само седнало на теренот и почнало да плаче. Неговите соиграчи, но и судијата се обиделе да го утешат и да го смират, но било безуспешно.

Расплаканото момче заминало во соблекувалната, а судијата тогаш го активирал антирасистичкиот протокол, па реагирала и воената полиција.

„Згрозен сум од веста дека младо момче кое е играч на тимот на Депортиво  Мантикуера било изложено на расистички навреди од страна на навивачите за време на мечот од Паулиста лигата за играчи до 12 години, на мечот против Коринтијанс во Сао Пауло“, беше реакцијата на Инфантино на социјалните мрежи.

Првиот човек на ФИФА потенцираше дека тие постојано се борат да се искорени расизмот од спортските борилишта.

- Оглас -

Најнови вести