Светскиот шампион во Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев, предвидува дека Макс Ферстапен ќе успее да се избори со пилотите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис за да ја освои петтата последовна светска титула.
Пред последните шест трки од сезоната 2025, актуелниот четирикратен светски првак заостанува 63 поени зад лидерот во генералниот пласман, Оскар Пјастри, а за распределба се останати 174 поени (150 од трките и 24 од трите спринт трки).
Сепак, според Вилнев, Ферстапен ќе успее да го надмине овој дефицит, искористувајќи го притисокот кој веќе почнува да се чувствува кај колегите во Мекларен.
„Ферстапен“, одговори категорично поранешниот канадскиот возач на Ф1 за „Газета дело спорт“, кога беше прашан кој е негов фаворит за титулата.
„Тоа ќе биде неговата најдобра титула. Двата пилоти на Макларен ќе трпат премногу поради притисокот. Тие мора да закрепнат, а тоа нема да биде лесно за нив“, објасни Жак Вилнев.