Жалам ако мислевте дека ќе го победиме Лајпциг со 5:0

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, изјави деака е задоволен со ремито против Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Дуелот на „Ред Бул арената“ заврши без победник 1:1, Граѓаните поведоа со голот на Ријад Марез во 27-мата минута, а германскиот тим израмни во второто полувреме преку Јошко Гвардиол.

„Среќен сум поради целиот натпревар, не само поради првото полувреме“, рече Гвардиола, кој потоа гo запраша новинарот:

„Што очекувавте, дека ќе играме пријателски натпревар? Дали сте погледнале некој натпревар на Лајпциг? Очекувате дека ќе дојдеме тука на гости и ќе победиме со 5:0? Тоа не е реално, секој натпревар во Лигата на шампионите е тежок, посебно во оваа фаза. Ние сме добар тим и правиме многу добри работи, но ако луѓето мислам дека ќе дојдеме тука и ќе победиме со четири, пет гола разлика, жалам што не сме во можност да го направиме тоа“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести