Жалгирис го растури Анадолу и го задржа максималниот учинок

Жалгирис го растури Анадолу ефес со убедливи 89:73 среде Каунас и го задржа максималниот учинок по четири кола во новата сеозна од Евролигата. За вицешампионот од сезоната 2018/19 ова е трет пораз по четири меча, отсуството на Шејн Ларкин, еден од најдобрите играчи во лигата и тоа како оди на штета на тимот од Истанбул.

Жалгирис сосема заслужено ја запиша убедливата победа, ако се знае дека само Лукошиунас не се запиша во листата стрелци од целата екипа на домаќините. Сите придонесоа да се одржи максималниот учинок, а најефикасен беше Хејс со 17 поени и 4 скока. Данстон на другата страна заврши со 20 поени, меѓутоа неговиот учинок не беше воопшто доволен за Анадолу.

- Оглас -

Најнови вести