Жалгирис ја зголеми мизеријата на Реал Мадрид, Партизан победи во Берлин

Реал Мадрид продолжува со серијата порази во Евролигата откако неочекувано загуби на домашен терен од Жалгирис со 83-92. Ова е трет пораз по ред за Кралскиот клуб во елитното кошаркарско натпреварување.

Литванскиот шампион одигра фантастично прво полувреме во Мадрид, постигнувајќи 54 поени само за 20 минути игра, што беше клучно за нивниот триумф.


Најдобар поентер кај Жалгирис беше Вокер со 21 поен, додека Франциско додаде 17. За Реал најдобар стрелец беше Муса со 15 поени.

Виртус Болоња славеше победа на гости кај Басконија со минимални 82-81 благодарение на слободните фрлања во последните секунди. Клајбурн блесна со 23 поени, а Шенгелија забележа дабл-дабл со 16 поени и 10 скока. Во таборот на Басконија, Рогкавопулос постигна 19 поени.

Баерн Минхен оствари домашна победа над Макаби Тел Авив со 98-93 во ефикасен натпревар. За Баварците се истакна Едвардс со 25 поени, додека Обст дополни со 23. Од друга страна, кај Макаби, Хоард беше најефикасен со 25 поени.

Монако славеше огромна победа (69-99) против Фенербахче на гости, а Партизан стигна до петтиот последовен триумф откако ја победи Алба во Берлин со 90-91.

- Оглас -

Најнови вести