Веќе нема непоразени екипи во јадранската АБА-лига сезонава откако Црвена ѕвезда на убедлив начин му нанесе пораз на белградскиот ривал Партизан. Евролигашот славеше со 71-56.
Ова беше прво градско дерби за најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ по враќањето кај Црно-белите, па не беше добро пречекан од фановите на Ѕвезда, кои не само што го навредуваа, туку и фрлаа предмети кон него. Жандармеријата мораше со штитови да ја штити легендата на српската кошарка од предметите со коишто беше гаѓан човекот што има дури девет евролигашки титули.