Жардел: Ова што го направи Левандовски годинава, јас го правев 6-7 години по ред

Поранешниот бразилски напаѓач Марио Жардел, кој се прослави со головите во Порто и Спортинг Лисабон, а пред 20-тина години импресионираше и со игрите во Галатасарај, смета дека бил подобар напаѓач од Роберт Левандовски, кој сезонава е феноменален и за Баерн и за Полска и има повеќе голови отколку натпревари.

„Не постои фудбалер кој е сличен на мене од тој период. Ни Левандовски. Јас испишав историја, единствен бев. Левандовски може да даде 45 или 60 гола, но јас тоа го правев шест или седум години по ред. Да играв сега, ќе вредев 150-200 милиони евра. Се надевам дека ќе запознам некој нов Жардел и ќе го продадам скапо“, вели Жардел.

Жардел имаше спектакуларни сезони. Во Порто, за четири сезони даде 130 гола на 125 меча, а во Спортинг за две сезони даде 53 гола на 49 меча, додека како играч на Галарасарај за една сезона даде 22 гола на 24 меча.

- Оглас -

Најнови вести