Ждрепка Вимблдон: Ѓоковиќ против Надал само во финале, потежок е патот на Рафа

Новак Ѓоковиќ како актуелен шампион на Вимблдон ќе има полесен пат до финалето на третиот овосезонски гренслем во однос на првиот конкурент Рафаел Надал.

Дуел на двајцата великани е возможен само во битката за титулата, додека Шпанецот ќе наиде на неколку топ-10 тенисери на патот до самото финале.

Во првото коло Ѓоковиќ отвора против Сун вон Квон, додека можни противници во наредните кола може да му бидат Кокинакис, сонародникот Ѓере, Басилашвили, Хуркач или Руд, додека очекува тежок дуел во четвртфиналето против шпанската сензација Карлос Алкарас.

Надал, пак, почнува против Серундоло, па му следуваат Квери, Сонего, Чилиќ, Ожер-Алисим, па евентуално полуфинале со Циципас.

Главниот турнир на Вимблдон започнува на 27 јуни, финалето е предвидено за 10 јули.

- Оглас -

Најнови вести