Ждрепка за ФА купот, Тотенхем ќе гостува кај тим од осмата англиска лига!

Ждрепката за третото коло од ФА купот донесе неколку интересни двобои, во оваа фаза се приклучуваат и премиерлигашите, а тие имаа различна среќа. Лондонскиот Тотенхем, кој е лидер на табелата, за противник го доби Марин, тим од осмата англиска лига. Најголеми дербија се Астон вила – Ливерпул, Арсенал – Њукасл и Вулверхемптон – Кристал палас.

Марин е само втор осмолигаш кој стигнал до третото коло на ФА купот. За да стигнат дотука, добија седум меча, па заслужија да заиграат против екипата на Мурињо. Мечевите од ова коло ќе се играат од 8 до 11 јануари 2021.

- Оглас -

Најнови вести