Ждрепка за Купот на Шпанија: Вечните ривали се разминаа (Фото)

Реал Мадрид и Барселона може да играат само во финалето на Шпанскиот куп. Вака одреди денешната ждрепка за полуфиналните дуели, па вечните ривали се разминаа, но и најавија спектакл доколку успешно ги минат пречките.

Кралскиот клуб за противник во полуфиналето го доби Реал Сосиедад, додека Каталонците ќе се соочат со Атлетико Мадрид.

Првите натпревари планирано е да се одиграат на 26 февруари, а домаќини се Барселона и Реал Сосиедад, додека реваншите се на втори април.

- Оглас -

Најнови вести