Вистински спектакл ќе има на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри, и тоа уште во групната фаза. Ждрепката посака во групната фаза да играат Србија и САД, најголемите фаворити за златниот медал на Олимпијадата.
Тоа ќе значи дека Никола Јокиќ, кој секако доколку настапи за Србија, ќе има можност да се сретне со ѕвездите на американската кошарка, од каде што најавија дека на ЛОИ ќе настапат со најсилниот состав од НБА-лигата.
Група А: Австралија, Победник од турнирот во Германија, Канада и Победник од турнирот во Шпанија,
Група Б: Франција, Германија, Јапонија и Победник од турнирот во Летонија,
Група Ц: Србија, Јужен Судан, САД и победник од турнирот во Порторико.
Последните четири учесника на машкиот кошаркарски турнир ќе бидат познати по одигрувањето на квалификациските турнири во Германија, Шпанија, Летонија и Порторико.