Ждрепка за одбојкарските европски купови: Струмица доби група по мерка, Работнички се враќа на сцена после 22 години

Денес во просториите на Европската одбојкарска федерација, ЦЕВ, во Луксембург беше извршена ждрепката за европските купови за следната сезона.

Шампионот на Македонија во машка конкуренција, екипата на Струмица Никоб, ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите и доби поволна група која ветува успех во првото коло. Противници на нашиот шампион ќе им бидат екипите на Нефтохимик Бургас (Бугарија), Будва (Црна Гора) и Фино Капошвар (Унгарија). Најдобрите две екипи од групата минуваат во второто коло, кое исто така ќе се игра во групи.

Во женска конкуренција за настап се пријави шампионот Работнички, но не во Лигата на шампионите, туку во третото по ранг натпреварување, Челинџ Купот. Ова за екипата на Работнички претставува враќање на европска сцена после 22 години, со оглед на тоа дека последниот настап го имаа во 2001-вата година со додавката Фершпед. Противник во првото квалификациско коло на нашиот претсваник ќе и биде екипата на Лугој од Романија.

- Оглас -

Најнови вести