Ждрепка за Втората лига: Осогово и Големо Коњари „среќни губитници“, Преспа извиси

Екипите на Осогово од Кочани и Големо Коњари од истоименото прилепско село се последните учесници во Втората лига за следната сезона откако денес во просториите на ФФМ беше извршена ждрепката за пополнување на испразнетите места поради откажувањето на Гостивар и Воска.

Во конкуренција беа трите екипи кои ги загубија баражите за пополнување на Втората лига, па Преспа од Ресен остана единствената екипа која не обезбеди пласман во повисок ранг.

Бројот на учесници, 16, сега е комплетиран, па следната сезона во Втората лига ќе учествуваат: Беса (Добридол), Брегалница (Штип), Детонит Плачковица (Радовиш), Каменица Саса (Македонска Каменица), Охрид Лихнидос, Беласица (Струмица), Кожуф (Гевгелија), Скопје, Новаци, Победа (Прилеп), Вардар (Неготино), Осогово (Кочани), Тетекс (Тетово), Шкендија (Арачиново), Слога (Виница) и Големо Коњари.

- Оглас -

Најнови вести